DigitAIze
Работилница, 25 ноември

Од нула до твоја прва алатка

Куќа со соби, три бесплатни сметки, поврзување без клучеви и една реченица. Оди по ред, на твој лаптоп. Ако заглавиш, постави прашање.

Пред да почнеш

Твојата алатка е ресторан

GitHub е менито и фиоката. Менито со сите рецепти, а во фиоката сите стари менија. Ако новото не оди кај гостите, се враќаш на претходното.

Supabase е кујната и магацинот. Тука се состојките, твоите податоци, и тука се подготвува сè што оди на маса.

Vercel е салата. Делот каде што седат гостите: она што луѓето го гледаат кога ќе го отворат линкот.

Claude е менаџер, готвач и келнер во едно. Ти си газдата.

Конектор е клуч од еден дел на ресторанот: еден за фиоката, еден за кујната, еден за салата. Го даваш со најава во прелистувач, без да копираш ништо, и го земаш назад кога сакаш.

1

Куќа и соби

Пред да градиш, направи ред во папките. Така Claude знае каде е и што е договорено, и утре продолжува таму каде што застанавте.

Куќа е една главна папка. Мапата на влезот се заедничките правила за сè. Соба е еден проект, во своја папка.

Во секоја соба има три белешки:

Чекори

  1. Направи нова празна папка на компјутерот, на пример moja-kukja.
  2. Отвори ја Claude апликацијата, оди во табот Code и избери ја таа папка.
  3. Копирај го промптот, смени го името на проектот и испрати.
Оваа папка е мојата куќа за работа со тебе. Постави ја вака: 1. Во главната папка направи AGENTS.md. Тоа е мапата на куќата: кој сум јас, што работам и заедничките правила. Правила: зборувај ми на македонски и објаснувај едноставно. Користи пробни податоци. Ништо не праќај и не објавувај без мое одобрување. Никогаш не запишувај лозинки и клучеви во датотеки. Кога работиш во некоја соба, прво прочитај ги нејзините AGENTS.md, HANDOFF.md и FEEDBACK.md. 2. Направи CLAUDE.md со само една линија: @AGENTS.md 3. Секој проект е посебна соба, во своја папка. Направи ја првата соба: [име на проектот]. Во неа направи: - AGENTS.md: што е проектот, за кого е и правилата на собата - HANDOFF.md: каде застанавме, што е готово и што е следно. Читај го на почеток и дополни го на крајот од секоја сесија. - FEEDBACK.md: секогаш кога ќе те поправам, запиши ја исправката тука како кратко правило и почитувај ја следниот пат. - папка app/ за кодот 4. Пред да почнеш, прашај ме три работи: што работам, што сакам да изградам прво и како сакам да ми зборуваш.

Секогаш отворај ја истата папка во табот Code. Ова не е автоматска меморија, туку договор запишан во датотеки. Во друга папка Claude не ги гледа.

2

Три бесплатни сметки

Прво GitHub. Другите две се отвораат со еден клик преку него.

GitHub

  1. Отвори github.com и кликни Sign up.
  2. Внеси е-пошта, лозинка и корисничко име.
  3. Внеси го кодот што ќе ти стигне на е-пошта.

Supabase

  1. Отвори supabase.com и кликни Start your project.
  2. Избери Continue with GitHub.
  3. Ако те праша за организација, напиши име по твој избор и остави го планот Free. Проект не мора да правиш, тоа ќе го направи Claude.

Vercel

  1. Отвори vercel.com и кликни Sign Up.
  2. Избери го планот Hobby. Бесплатен е.
  3. Избери Continue with GitHub.

Hobby е за лична и пробна употреба. Кога алатката ќе почне да ја користи фирмата, се преминува на платен план.

3

Поврзи го Claude, без клучеви

Не копираш клучеви и не лепиш лозинки. Секое поврзување е најава во прелистувач.

  1. Во Claude, во табот Code, кликни + до полето за пишување.
  2. Избери Connectors, па Browse connectors.
  3. Најди Supabase, кликни Connect и најави се. Истото направи го за Vercel.
  4. Испрати го промптот подолу. За GitHub и за објавување на Vercel, Claude сам ќе ти отвори страница за најава, а ти кликаш Authorize.
Поврзи се со мојот GitHub, Supabase и Vercel, за да можеш сам да правиш репозиториум, база и објавување. Користи конектори или најава во прелистувач и води ме клик по клик. Ако фали некоја алатка на компјутерот, инсталирај ја или кажи ми што да кликнам. Никогаш не барај да залепам лозинка или клуч во разговорот. На крај кажи ми со која сметка си поврзан на секое место.

Claude ќе бара дозвола пред да изврши команда. Прочитај што бара, па дозволи.

Преглед и исклучување: во Claude кликни Customize, па Connectors. Таму гледаш што е поврзано и го исклучуваш со еден клик.

Ако некоја услуга сепак бара клуч: не го лепи во разговорот. Речи му на Claude да ти покаже каде во поставките на апликацијата се внесува (Environment variables), и внеси го таму.

Истиот начин важи за сè друго

Gmail, Google Calendar и стотици други алатки имаат конектор. Кога ќе ти затреба, го додаваш на истото место и Claude може да работи во нив.

4

Кој ја работи AI работата?

Секоја алатка е три работи: екрани (што гледаш и кликаш), функции (зачувај, пребарај, пресметај, одобри, извези) и база (каде стојат податоците). AI работата може да ја работи некој од двајца:

Claude, од твојата претплата. За тебе и за твојата секојдневна работа ова е најефикасно: претплатата веќе ја плаќаш. Во алатката нема AI. Claude чита, пишува и оценува, па го запишува резултатот во базата.

API во самата алатка. За производ што го продаваш или го даваш на други луѓе, и за голем обем AI работа што тече сама цел ден. Се плаќа по употреба, одделно од претплатата.

Вечерва градиме на првиот начин. Додај ја оваа реченица на крајот од секој промпт за нова алатка:

Изгради ја како обична веб апликација само со екрани, функции и база, без AI повици и без AI клучеви во неа; секаде каде што треба AI, тоа го работиш ти, Claude, од овој разговор, преку Supabase конекторот, и резултатот го запишуваш во базата за апликацијата само да го прикаже.

Како изгледа тоа во пракса

  1. Ти му пишуваш на Claude: „Прочитај ги новите пријави, оцени ги и подели ги во категории според нашиот оглас.“
  2. Claude ги чита биографиите, дава оцена и категорија и ги запишува во базата.
  3. Ти ги гледаш подредени во алатката и одлучуваш кого да повикаш.
5

Промпт за твојата прва алатка

Пополни ги заградите со твои зборови и испрати го во истиот разговор.

Во оваа соба сакам да изградам алатка за [што работиш]. Проблем: [што ти зема најмногу време]. Екрани: [на пример: листа, детали, нов внес, извештај]. Функции: [на пример: додај, измени, пребарај, филтрирај, извези во Excel]. Наполни ја со 10 измислени реда како пробни податоци. Заштити ја со најава, за само јас да можам да ги гледам податоците. За сè што излегува надвор (е-пошта, договор, објава, потсетник) додај статус „Чека одобрување“ и копче „Одобри“. Ти постапуваш само по она што е одобрено. Направи Supabase проект и табели, GitHub репозиториум и објави ја на Vercel. На крај дај ми го линкот и запиши во HANDOFF.md што е готово и што е следно. Изгради ја како обична веб апликација само со екрани, функции и база, без AI повици и без AI клучеви во неа; секаде каде што треба AI, тоа го работиш ти, Claude, од овој разговор, преку Supabase конекторот, и резултатот го запишуваш во базата за апликацијата само да го прикаже.

Потоа менувај со обични реченици: „Додај колона за телефон“, „Направи го копчето поголемо“, „Додај месечен извештај“. Ако нешто не е како што сакаш, кажи му. Исправката оди во FEEDBACK.md.

6

Одобрување и распоред

Claude работи сè, ти одобруваш со едно копче

Пред да излезе нешто надвор, било да е е-пошта, договор, објава, фактура или потсетник:

  1. Claude го подготвува.
  2. Го гледаш во алатката, со статус „Чека одобрување“.
  3. Кликаш „Одобри“, го поправаш или го одбиваш.
  4. Claude го праќа или објавува само одобреното.

Копчето само го означува како одобрено. Claude го завршува кога ќе му кажеш, на пример „Испрати ги одобрените“, или на следната закажана задача. AI делот не работи сам во позадина.

Закажани задачи

Claude може да работи и по распоред, на пример: „Секое утро во 8, прочитај ги новите пријави и оцени ги.“

Со конектори оди подалеку

7

После работилницата

Кажи ни која алатка ти треба Постави прашање

Сакаш да продолжиш со нас? Приклучи се на листата на DigitAIze.